„Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине – лаже. Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш“ соопштија попладнево од СДСМ.
Од опозициската партија велат „Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува. Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно. Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него. Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот“.
„Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност. Струјата останува иста – додека не поскапи. Животот ќе биде подобар – за три години. Истите бајки. Истиот метод. Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација. Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш“ е ставот на СДСМ.