488
Во овој тежок период предизвикан од глобалната пандемија од коронавирусот, од исклучителна важност се ефикасните и корисни мерки на државните институции со коишто ќе се ублажи ударот врз економијата, врз стопанството и врз граѓаните. Мерката за финансиска поддршка на работодавачите од 14.500 месечно по вработен, ќе помогне да се спасат 250 илјади работни места и ќе им помогне на над 35 илјади компании, се вели во соопштението на СДСМ.
– Оваа мерка можат да ја искористат сите компании коишто се соочуваат со намалени приходи од над 30 отсто во април и мај споредено со просекот од истите месеци во 2019 година, да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката и да нема над 120.000 денари нето плата на над 10 проценти од вработените. Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари, но и за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари. Мерката може да ја користаат и претприемачите кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите, велат од СДСМ.
Според нив мерката единствено не може да се користи за вработени за кои работодавачот веќе користи ослободување од плаќање на придонеси од претходни мерки.
-Аплицирањето е едноставно и се реализира преку Управата за јавни приходи, а по одобрување на апликацијата, средствата ќе бидат исплатени најдоцна до 13-от ден од месецот, а платата на вработенените ќе треба да биде исплатена на 15-от ден во месецот за претходниот месец. Добиените средства се враќаат само доколку компаниите остварат добивка во 2020 година и тоа максимум до 50 отсто од тоа што компанијата го добила како финансиска поддршка.Работодавачот кој е корисник на мерката е обврзан до јули 2020 година да го задржи истиот број на вработени што компанијата го имала кога аплицирала.СДСМ ги охрабрува сопствениците на фирми да ја искористат владинита мерка со која ќе обезбедат приходи за своите вработени и полесно ќе ја пребродат економската криза предизвикана од коронавирусот, порачуваат од СДСМ.