Додека Левица шири популизам и се однесува деструктивно, СДСМ преку Владата и Министерството за труд и социјална политика што ги преводи носи системски решенија за вистинска грижа за сите категории граѓани, реагираат од СДСМ на соопштението на Левица дека апсурдно е најавеното порамнување на пензиите за шест отсто, кога функционерите си ги зголемија платите за 78 отсто.
-За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога пензиите се покачуваа линеарно и популистички без никакво усогласување, сега Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство предводено од Јована Тренчевска донесоа методологија со која пензиите се покачуваат два пати годишно следејќи го движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%. Од воспоставувањето на новата методологија до септември оваа година пензиите ќе бидат покачени за над 21%. Додека од 2017 година до сега минималната пензија се покачи за 46%. Според методологијата секој март и септември пензионерите ќе имаат повеќе пари на својата сметка!
Апасиев од удобната пратеничка фотелја секојдневно шири популизам, глуми загриженост за граѓаните, а на секој први во месецот и тој си подигнува зголемената плата од 78 осто. Апасиев како правник треба да знае дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат, му порачаа од СДСМ на Апасиев.