СДСМ: Aпaсиев е реална закана, Мицкоски е негов заложник

by Фокус

Реална закана и вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на државата доаѓа од Левица, реагираат од СДСМ.

„Патријата предводена од Димитар Апасиев јасно е против стратешките цели на државата за евроинтеграција, против НАТО и членството во ЕУ. Поради идеолошко озбеличување на ВМРО-ДПМНЕ, непромислениот популизам и деструктивноста, Мицкоски, како политичар без став и визија, станува заложник на Левица и Апасиев. Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја доведе државата до раб на провалија“, соопштија од СДСМ.

Според владејачката партија, државата на чело со СДСМ ќе продолжи по патот на интеграциите.

Поврзани новости