Шест години по крвавиот упад на парламентот на 27 април, се огласи владејачката СДСМ, која истакна дека „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија.
„ВМРО-ДПМНЕ поттикна вооружени насилници да упаднат во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и да предизвикаат и граѓанска војна. Тие насилници кои беа придружувани и од самиот Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува уставобранители, дури бараше и нивна амнестија, што само покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ е насилничка партија, која, како што велат, сака одново да гази врз слободата, демократијата и да се пресметува со неистомисленици.