Со успешните економски политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра. Економијата, платите и пензиите ќе продолжат да растат, велат од СДСМ.
„Од март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари. Во изминативе 6 години, СДСМ ја покачи минималната плата за 4 пати, двојно повеќе во однос на 2016 година. Просечната плата да е покачена на 39.000 денари и денес е за 300 евра повисока во однос на 2016 година“, додаваат од СДСМ.
Како што соопштуваат, минималната и просечната пензија СДСМ ги покачи за 50%.
„Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните, градејќи стабилна и силна економија“, завршуваат од СДСМ.