„Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ. Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски“, соопштија утрово од владејачката СДСМ.
„Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО, само и единствено за да го пљачкаат народот, а Мицкоски денес ја продолжува таа анти НАТО и анти ЕУ политика. Мицкоски беше против членството во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложената содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата. ДПМНЕ е антиевропска партија, а Мицкоски дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди“ велат од СДСМ.
Оттаму порачуваат дека „тој сака државата повторно да ја држи во 11 годишна изолација“.
„Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат. Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ. Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ и заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа“, порачаа од СДСМ.