СДМС бара Музејот на современа уметност да го изложи ценузирираниот билборд на Ирена Паскали

by Фокус 15:36
15:36

СДСМ денеска побара Националната галерија и Музејот на современа уметност да се јават како етички покровители на цензурираниот билборд-уметничко дело на  Ирена Паскали и да го овозможат неговото изложување пред јавноста.

– По минатогодишната забрана на делото на групата ОПА и негативните реакции на делата на младиот автор Велимир Жерновски, оневозможувањето на јавната и критичка уметност, која е легитимен уметнички жанр, станува тажен тренд во Македонија. Забраната и цензурата на овој тип уметност ја става нашата земја во редот на светските диктатури и создава многу лоша слика за Македонија. Ја прашуваме министерката Канческа-Милевска дали воведувањето на цензурата и забраната за изложување на критичката и јавна уметност е успешно реализирана стратешка цел од Планот за развој на културата? Фактот што авторката не може да најде билборд компанија, која од најчист економски интерес ќе ги постави нејзините дела, говори за степенот до кој стравот од власта ја оневозможува пазарната економија во земјата и создава заробено општество – изјави денеска Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

- Advertisements -

umetnosta-na-bilbord-2-7

 

Поврзани новости