Студентите, младите повеќе не веруваат во неговата виртуелна реалност, затоа Груевски зборува за диотрија, реагираат од Социјалдемократската младина на Македонија на новите проекти презентирани денеска од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-За Никола Груевски да ја види реалноста, за да ги види прокиснатите кровови и хорор услови во студентските домови, не му се потребни леќи. Груевски треба само да ги извади очилата од 60 илјади долари. И во наводно реконструираниот дел на студентскиот дом Гоце Делчев, можеме да видиме како плафоните прокиснуваат од вчерашните дождови. За 10 години Никола Груевски не изгради ниту еден нов студетски дом. Влага и мувла. Тоа го остави за студентите Никола Груевски, се вели во соопштението на СДММ.
Од СДММ велат дека СДСМ во својата Програма има сериозни мерки за младите: целосна реконструкција на постоечките студентски домови, кои ќе прераснат во современи студентски кампуси станува реалност по промените, а младинската гаранција ќе овозможи младите да излезат на пазарот на трудот или да продолжат со образованието, потпомогнати од државата.