513
ВМРО-ДПМНЕ е партија позната по ширењето на говор на омраза и дискриминација и оттаму, нивната наводна загриженост за збирката на „Млади поети“ е манипулација и првоаприлска шега, се наведува во реакцијата од СДММ.
„Како што јавно соопшти и Агенцијата за млади и спорт, веќе се започнати конкретни чекори в олоцирање на одговорноста за пропустот со збирката од проектот „Млади поети“. Публикацијата е повлечена, а сите што учествувале во пропустот ќе се соочат со одговорност. СДММ најостро ги осудува говорот на омраза и дискриминација тако и што се во спротивност со човековите слободи и права и во спротивност со концептот на едно општество за сите во кое СДММ силно верува – се наведува во партиското соопштение.