Младите се револтирани, гневни и бараат промена на системот кој ги загрозува, на системот што убива по улиците. Пратеникот на ДПМНЕ и претседател на УМС, Сергеј Попов е дел од тој систем, изјави Јовица Јанковиќ потпретседател на СДММ.
„Јавноста има право да знае дали „системот што убива“ го заштитил Попов, и дали тој добил привилегирана казна по налог на неговата партија. Во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајна несреќа. И наместо да се соочи со затворска казна, Попов поминал со парична казна од 500 евра – како да сторил обичен прекршок.
Јавно го поставуваме прашањето за селективноста на правосудниот систем во тоа време. Дали ова е резултат на политички притисок и влијание од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што тогаш ја држеше под целосна контрола судската власт?
Затоа овој случај мора да претрпи целосна ревизија. Сите добро знаеме дека во 2014 година судството беше под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, под контрола на тефтерчињата на Гордана Јанкуловска“ рече Јанковиќ.
Тој истакна дека Попов денес е дел од истиот тој систем кој убива, против кој тој, како што рече, лицемерно повикуваше на протести.
„Затоа, бараме:
Итна ревизија на случајот на Сергеј Попов!
Објавување на сите факти за овој случај пред јавноста!
Оставка од Попов од функциите пратеник и претседател на УМС како минимум морален чин!
Време е за одговорност!“ порача Јанковиќ.