Апасиев и Гаши: Имаме 61 пратеник, следува недоверба на владата

by Фокус

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, на излегување од собранието изјави дека новото мнозинство има 61 пратеник, со тенденција, како што рече, да стигне до 64.

„Зашто бе, сте ги закачале у Желино“ – објави претходно Апасиев, алудирајќи на одлуката на Државната изборна комисија да ги прифати приговорите на ДУИ за прегласување во Желино, каде тесна победа оствари кандидатот за градоначалник на БЕСА, која потоа одлучи да ја напушти владата и да се приклучи на иницијативата на опозицијата за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, пак, изјави дека собирот бил да го потврдат новото мнозинство, кое треба да покрене процес за изгласување на недоверба на владата.

Поврзани новости