518
Додека А.Д.(36) седела во својот дом во Скопје на улица Македонско-косовска бригада, била повредена од заталкан куршум кој поминал низ покривот на нејзината куќа.
Според МВР, 36-годишната скопјанка се здобила со повреди констатирани во Градска општа болница Св. Наум Охридски – Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.