808
Собранието на следната седница ќе треба да ја констатира оставката на пратеникот од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, кој се повлече од пратеничката функција за да избегне судир на интереси при гласањето на неговиот брат Фатмир Бесими за министер за финансии.
Пратеничкото место на Бесими ќе го заземе Фазли Бедри, кој е следен на листата за кандитати за пратеници на ДУИ во шестата изборна единица.
Државната изборна комисија во рок од три дена по оставката треба да го извести Бедри дека влегува во парламентот.