669
Собранието на денешната седница го донесе Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.
Воедно, пратениците ги донесоа измените и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, со кои се предвидува субвенционирањето на студентски оброк да се врши во точно утврдени периоди од годината и месецот.
Исто така, пратениците го верификуваа мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски.