12.5K
Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски-Палчо, попладнево е брутално нападнат и претепан.
Според информациите на Нетпрес, тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат се неговиот живот.
Тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители.
Од неговата партија Трета на Фејсбук објавија:
“Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа. Облечени во црно, со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава“.