458
Здравко Савески од Левица во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека власта имала доволно време да промени нешто, но тоа не го направила и ги разочарала граѓаните.
-Две години се повеќе од доволни да се направат круцијални промени во човекови права, владеењето и во владеењето на правото. Власта не ја искористи шанската и ги разочара граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ креираше фотељи, овие исто креираат. ВМРО-ДПМНЕ на тие фотељи ставаше добри лепачи на плакати, СДСМ го прави истото. Сите ги затворија очите и Груевски избега. Како тоа се случи? Или биле толку неспособни, а Оливер Спасовски наместо да поднесе оставка, сака да биде кандидат за претседател, рече Савески.