Савески: Требаше порано да му застанеме на патот на Апасиев, тргна по патот на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Здравко Савески од Левица во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека Димитар Апасиев тргнал по патот на ВМРО-ДПМНЕ и дека требало порано да му застанат на патот.

-Да, Димитар Апасиев тргна по патот на ВМРО-ДПМНЕ, но Левица не е сателит партија е е различна од другите. СДСМ имаше обид за преземање на Левица кој го победивме. Сега ќе го победиме и ВМРО-ДПМНЕ. Јас верувам дека Левица ќе успее да ги надмине овие ситуации, а обидот за пуч ќе го спречиме. Апасиев сака да се претстатува како љубител на владеење на правото, а секоја статутарна одредба која му стоеше на патот ја заобиколи. Требаше порано да му застанеме на патот, рече Савески.

Поврзани новости