Савески до Богоевски: Браво Павле, колку власта те заслепи за само шест месеци

by fokus

Здравко Савески од Левица денеска му се обрати на пратеникот Павле Богоевски во врска со повлекувањето на обвинението против него кое беше за време на Шарената револуција и му порача дека власта го сменила.

Савески вели дека повлекувањето на обвинението против Павле е оправдано, но тоа треба да биде направено и за обвинетите од Левица.

-На прашањето дали и ние од Левица, како него, ќе добиеме прекин на обвинителниот процес, Павле Богоевски, нашиот поранешен соборец од Шарената револуција, а сегашен статист во Собранието за кревање два прсти, во улога на портпарол на обвинителството одговара: „Во постапка остануваат делата на Мариглен Демири и Владимир Лазовски. Tие не можат да се ослободат од гонење за оваа основа, бидејќи штетата којашто е предизвикана таму е повисока од законскиот минимум којшто треба да е исполнет за да постои кривично дело“. Мене дури ниту ме спомнува. Фала, Павле. Да те потсетам, судскиот процес против мене уште тече. Браво бе, Павле, колку само власта те заслепи за само шест месеци, напиша Савески на Фејсбук.

 

Поврзани новости