Сава пензиско друштво и Хајделберг Факултет во Скопје, денеска потпишаа Договорот за соработка со цел пензиското друштво да ги поддржи најдобрите студенти преку целосна тригодишна стипендија и можност за вработување.
Партнерството меѓу двете страни е особено значајно за имплементација и развој на дуалното образование во државата, каде што овие студенти покрај нивните студии на престижниот Хајделберг Факултет во Скопје ќе имаат уникатна и непроценлива можност, да го дополнат своето образование со развој на професионални вештини стекнати од финансиските експерти во Сава пензиско друштво кои ќе бидат нивни ментори преку работа на реални проекти.
Ова партнерство, како и другите, како што кажа проф. д-р Цајтел, претставува одличен почеток за факултетот во Скопје, затоа што, Сава пензиско друштво е една од водечките институции во управување со пензиски фондови, со капитал од ЕУ (Република Словенија), а Хајделберг Факултет во Скопје е германски бренд – поттик за вистинска промена и иновативност во македонскиот образовен систем, во насока на отпочнување на дуалното високо образование. Следејќи го искуството на Германија, каде што компаниите имаат професионална пензиска шема за вработените, Хајделберг Факултет во Скопје ќе биде поддржувач на таквата пракса, додаде проф. д-р Цајтел.
Во оваа насока, Претседателот на Управниот Одбор на Сава пензиско друштво Снежана Станковиќ, истакна дека целта на друштвото е да се вклучи во сите активности со значителен импакт врз иднината на младите, како што се инвестирање во развој на компетенции на вработените и вложување за развој на нивните таленти, како и од друга страна – пренесување на искуствата за професионална пензиска шема од Германија, тука дома. Затоа, преку ова партнерство, се дава исклучителна поддршка на младите студенти преку нивното образование на Хајделберг Факултетот.
САВА пензиско друштво како институција има потреба од едуцирање на млади кадри во насока на стекнување на знаења и вештини од портфолио менаџментот, управувањето со ризиците, како и едуцирање на младите во контекст на развој на финансиската писменост, веднаш после матурирањето, истакна проф. д-р Петар Талески, член на УО на Сава пензиско друштво.
Целта на ваквото партнерство, како што истакнаа двете страни, претставува развој на дуалното високо образование, а со цел – најдобрите студенти да бидат поддржани и да работат во Сава пензиско друштво.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.
ПР