456
Првиот човек на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман има имунитет од правната тужба на свршеницата на убиениот новинар Џамал Кашоги.
Ова е одлуката на американското Министерство за правосудство кое во документот поднесен пред окружниот суд во дистриктот Колумбија напишало дека доктрината на имунитетот за челник на држава е втемелен во обичајното меѓународно право, па така обвинетиот Мохамед бин Салман како челник на странска држава ужива имунитет од надлежноста на американските судови.
Кашоги, еден од најжестоките критичари на режимот во Саудиска Арабија, беше брутално убиен и масакриран во Истанбул во октомври 2018-тата година.