Саудиска Арабија денеска соопшти дека тројно ги зголеми даноците на основните производи, зголемувајќи ги на 15 проценти и дека ќе ги намали трошоците за големи владини проекти за 26 милијарди долари, соочувајќи се со економските последици од пандемијата на новиот коронавирус и ниските цени на нафтата.
Како што пренесуваат странските агенции, новите мерки на најголемиот производител на нафта се многу драстични, бидејќи цената на овој енергенс падна за половина во март, што сигнализира дека соседните земји би можеле да наметнат и повисоки даноци оваа година.Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека сите шест арапски земји годинава ќе бидат во економска рецесија.
Саудиска Арабија, како и другите земји, во борбата против ширењето на коронавирусот, воведе полициски час во поголемите градови, а како една од мерките беше и затворање на џамиите. Досега има околу 39.000 заразени во оваа држава, а 246 лица починале како резултат на вирусот.