1.1K
Саудиска Арабија оваа година ќе дозволи до милион луѓе да се приклучат на аџилак во Мека, по две години строги ограничувања поради Ковид-19, објавија саудиските државни медиуми.
За аџиите во Мека оваа година важи правилото дека мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, соопштија властите во Ријад.
На верниците од странство ќе им биде дозволено да дојдат на аџилак, но мора да приложат неодамнешен негативен ПЦР тест на Ковид-19 и да се почитуваат сите епидемиолошки мерки, се вели во соопштението.
Минатата година, Саудиска Арабија го ограничи аџилакот во Мека, еден од петте главни столбови на исламот, на 60.000 домашни учесници, во споредба со 2,5 милиони пред пандемијата.