Вознемирувачки сателитски снимки од вселената на НАСА укажуваат на огромниот размер на пожари што во изминатиов период ја зафатија Амазонија.
Огнот и чадот од Амазон јасно се видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.
Снимките на НАСА покажуваат пораст на пожарите и чадот во бразилските држави Рондонија, Мато Гросо и Амазон.
Повеќе од половина од пожарите се во огромниот амазонски басен, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.
Од почетокот на годинава избувнале повеќе од 75.000 пожари, што е за 83 проценти повеќе од минатата година и најмногу откако се води евиденција. Неодамнешните пожари беснеат веќе три недели, предизвикувајќи антивладини протести и ја алармираа меѓународната јавност.
Организациите за животна средина и истражувачите велат дека пожарите најверојатно биле запалени од луѓе кои сакале да ја расчистат земјата за да ја користат за деловни цели.