630
Сателитските снимки од Буча покажуваат тела на цивили на улиците, со што се побиваат тврдењата на руската влада дека сцените од градот во близина на Киев се наместени.
Компанијата „Максар“ објави девет фотографии од Буча снимени на 18, 19 и 31 март и на најмалку четири од нив се гледаат тела на улицата Јаблонска.
Градот беше окупиран од руските сили до околу 30 март.
„Њујорк тајмс“ анализираше фотографии од „Максар“ и ги спореди со видеоснимка од терен што ја прикажува истата сцена, при што ги потврди локациите на телата.
„Нашата анализа ја потврдува и веродостојноста на сателитските снимки“, велат од весникот.