Северна Македонија треба и мора да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Одлуката тоа да не се случи, може да биде променета за неколку месеци. Тој период државата треба да го искористи за да започне и со други реформи и да не дозволи реформскиот процес да запре, порача претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли кој е во официјална посета на земјава.
-Таа одлука не е пропаст или пораз, туку некаков вид застој. Ние сме посилни затоа што на наша страна се сите европски институции, кои се убедени дека Северна Македонија мора и треба да го започне процесот на преговори за членство во Европската унија, затоа што со неа владеат сите карактеристики и сите услови за тоа да се случи, рече Сасоли на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев.
Тој вели дека одредени земји почнуваат да ги преиспитуваат своите ставови и позиции по однос на ова прашање, што, како што рече, е доста позитивно.