Сасоли: Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно!

by fokus

Охрабрувачки зборови упати Давид Сасоли, првиот човек на Европскиот Парламент од македонското Собрание.

Тој смета дека Македонија го заслужува местото во семејството на ЕУ, испраќајки порака за заедничката иднина да биде испишана заедно.

„Не се случило едно „не“. Тоа е еден историски застој, една пауза. За да се навратиме на тој пат, треба да се случи што е можно побрзо давање на датум за преговори. Постои надеж дека овој пат ќе биде продолжен и за тоа имаме потреба од вас, вашиот ентузијазам, вашата желба за слобода и демократија. Без Балканот, тоа нема да биде возможно. Да му објасниме на младите дека нема да го запре овој процес. Да ги охрабриме и да ги убедиме дека овој пад ќе ја доведе Северна Македонија во процесот на пристапните преговори. Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно“, заврши Сасоли.

Поврзани новости