Сасоли до младите во земјава: Ве молам не губете надеж и не се откажувајте од европската иднина

by Fokus

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли пред гостувањето во нашава земја најавено за денеска, ги замоли младите од Северна Македонија да не губат надеж и да не се откажуваат од европската иднина по недобивањето датум за преговори со ЕУ. Тој ова го истакна во видео на социјалната мрежа „Твитер“.

„Ве разбирам и го делам вашето разочарување. Ги исполнивте сите критериуми, завршивте одлична работа. Заслуживте зелено светло за почеток на преговорите, но ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламент, домот на демократија во Европа стои со вас. Нема да молчиме, ќе притискаме силно за позитивна одлука на следниот состанок на Европскиот совет. Имам едно барање, посебно до младите луѓе во Северна Македонија. Ве молам, не губете надеж. Ве молам, не се откажувајте од европската иднина. Вие припаѓате на нашата фамилија и евентуално ќе бидете дел од оваа фамилија, бидејќи фамилијата ќе ви посака добредојде со верба и надеж“, изјави Сасоли.

 

Поврзани новости