Сасоли: Да не губиме надеж бидејќи ЕУ има потреба да работи со Северна Македонија!

by fokus

Иднината е во нашите и во вашите раце. Да не ја губиме надежта бидејќи Европската унија има потреба да работи заедно со Северна Македонија да се направи се за таа да биде членка и да учествува во изградбата на нова Европа, порача денеска во Скопје претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Тој при денешното отворање на Европската куќа во Скопје рече дека за Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија, Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори и изрази надеж дека малкуте држави кои имаат резерва по ова прашање ќе успеат да ги надминат нивните сомнежи.

– Имаме заедничка судбина и не е доволно една мала блокада за да се запре вниманието што го имаме кон вас, а тоа е Северна Македонија да стане дел од Европската унија. Се работи за разочарување, но треба да имаме голема доверба и надеж, рече Сасоли, обраќајќи им се на младите кои присуствуваа на отворањето на Европската куќа.

Поврзани новости