По сите реакции што денеска во јавноста ги предизвика емисијата на Васко Ефтов во која директорот на Драмски Театар, Сашо Тасевски го напушти интервјуто, тој конечно се огласи во јавноста.
– Преќутев, не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто…Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме, туку да се занимава со мене со цел да ме искомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно – тврди Тасевски.
Тој тврди дека некој смислено го избрал за таа цел, а тоа можело да се види и по омразата на оние кои го плукаат и физички му се закануваат.
– Очигледно сум им пречел многу. Нека е и така. Од грешките се учи многу, ако се сака. Само уште ова. Гаќите се се уште на мене, ама некој пак му ги смкна гаќите на новинарството, ако пропагандата може да се нарече новинарство – додава Тасевски.