Сашо Тасевски се збогува од директорската позиција во Драмски театар

by Fokus

Сашо Тасевски си заминува директорската позиција во Драмски театар, објави тој на својот фејсбук профил.

Тасевски за „Фокус“ истакнаи дека се уште не е официјално известен, но дека очекува да биде сменет од позицијата. Ви го пренесуваме неговиот фејсбук статус:

„Заминувам од кормилото на Драмски со убави спомени и крената глава. Го презедов кога беше во лоша кондиција, со празна сала и лоши претстави на репертоарот. По моето доаѓање, во наредните осум месеци, продажбата на билети скокна за речиси 100 проценти. И за тоа има документ. Се направија претстави кои полнеа сали и се зборуваше за нив во суперлативи. Нешто што претходно му се немаше случено на театарот со години. Имав голема помош од вработените, им подадов рака на сите и ми вратија со посветеност во работата и врвна професионалност. Им пристапив без суета на сите, дури и на оние актери со кои не сме се мирисале лично или поради светогледите. Кога правиш победнички тим, нема место за суета. Ја сфатија пораката. И тие сакаа подобар Драмски театар. Убави зборови имам и за луѓето во СДСМ кои ми дадоа доверба да го водам Драмски театар, иако не бев нивни сопартиец. Луѓе по функции поголеми или помали, ама по човештина – џинови. Ми излегуваа во пресрет секогаш кога барав помош за театарот. Нема да ги именувам посебно. Знаат кои се. И тие знаат дека не ги разочарав. Како и да е, ми беше чест што бев директор изминативе тринаесет месеци и привилегија да имам такви соработници и таква публика“ – пишува Тасевски.

Поврзани новости