Актерот Сашо Тасевски, кој што важи за голем критичар на власта и секојдневно објавува интересни статуси на својот Фејсбук профил, поврзани со актуелните случувања во земјава, утринава добил идеја за нов статус, инспириран од колумната на новинарот Драган Павловиќ – Латис, насловена Порно.
Во целост ви ја пренесуваме неговата објава.
,,Бесплатна реклама. Латас има ново колумниче, се вика Порно. Му здосадило да го соблекуе долниот веш на Ивонче, па сега го соблекува на колегите. Ордановски се развел од првата жена зашто го фатила како се бамбуса со маж, Саше Димовски носел женски долен веш. Фрчко и Оливера Трајковска сакале оргии, професорката Чупевска со такви сензуални бузи не случајно е асистент на Фрчко… Читам и си мислам, човекот има гаден паничен напад. И сега би било супер засегнативе да му речат, ај на суд и да видиме докази за тоа што го тврдиш.
Ама врв на се е кога вели: Како може купени гаќи, саати, душеци да ја загрозат Македонија, како што тоа го прави албанската платформа. И тоа во фазон, он и Ивона се невини, СЈО ги користи да го одвлече вниманието од платформата.
Латас бе! Минимализирање на вината е одлика на секој закоравен криминалец, ама тоа тешко проаѓа. Замисли секој од нас да затајува данок и да купува од затаените пари, саати, душеци, гаќи… Колку време тоа ќе го издржи Македонија.
Ќе клапне за две недели. Дошло доба, ќорка да се проба. И еден Капоне го осудија за затајување данок, нели? Таа пракса за една држава е поопасна од убиство или од некоја платформа која ем никој не ја видел, ем невозможно е да добие сила на закон’’ – пишува Тасевски.
Вики Клинчарова