464
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков денеска треба да се појави во Апелациониот суд Скопје каде ќе биде разгледана неговата жалба за изречените мерки од страна Кривичниот суд за предметите „Таргет“ и „Тврдина“.
Покрај овие два случаи, во Апелација ќе се разгледуваат и жалбите за случајот „Титаник“.
Освен за одлуката на Сашо Мијалков, во Апелација ќе се одлучува и по жалбите на Горан Грујовски, Никола Бошковски и Тони Јакимовски.