Сашко Коцев ќе биде водител на ,,Златно славејче”

by Фокус

Најстариот детски музички фестивал на Балканот ,,Златно славејче” ќе се одржи на 16-ти и 23-ти ноември во Македонскиот народен театар во Скопје. Годинава за првпат во улога на водител ќе се појави актерот Сашко Коцев и ова е 54-то издание на популарната детска манифестација.

Во минатото помеѓу водителите беше музичарот Влатко Илиевски, како и актерот Мартин Јорданоски. Фестивалот за првпат се одржа во 1971 година, а негови основачи беа Александар Џамбазов, Васил Пујовски и Благоја Јордановски.

Во годините кои следуваа, свои први појавувањата токму на сцената на ,,Златно славејче” имаа повеќе учесници кои потоа изградија успешни музички кариери – Калиопи, Тоше Проески, Влатко Илиевски, Симон Трпчевски, Давид Темелков, Маја Панчева и други.

Фестивалот се одржува под покровителство на претседателот на Македонија, а годинава од Министреството за култура на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата, доби 408.000 денари, односно околу 6.600 евра.

В.К.

Поврзани новости