„Во синоќешното интервју на Сител, екс премиерот Никола Груевски зборувајќи за казната од 2 години затвор изречена за набавка на луксузниот мерцедес, објави дека „искусен новинар кој долги години го следи судството и судските процеси ПРВ му кажал дека ќе биде осуден за случајот „Тенк“. Тука водителот влета со прашање, па Груевски остана недоискажан, изостана името, кое отвори серија прашања во насловите на многу портали, кои прашуваа: „кој е новинарот што му кажал прв на Греуевски дека ќе биде осуден“. Еве, да нема забуни, тоа сум јас!“, објави новинарот Саше Димовски на порталот Сведок.
-Јавно напишаниот збор од моја страна доби на публицитет, што сигурно натерало некого во постапките и однесувањето на судот да бара реални сомневања за моите тврдења. Така и се случи таа неформална средба со Никола Груевски, на 27 април, на која, јас го повторив мојот став дека од тоа што јас го следам, убеден сум дека ќе биде осуден и тоа на ефективен затвор, со прогноза од најмалку една година. Знам дека на Груевски тоа што го слушна не му се допаѓаше, но имаше избор да го слушне и да го прифати како такво или да не го слуша. На првата и единствена средба што сум ја имал со Груевски од како тој беше избран за премиер, за Ѓоко Поповски прогнозирав исто така затворска казна во траење од 5 години. И секако, ослободителна за Заев. Добив впечаток дека сите околу него му велеле или барем не верувале дека ќе добие затворска казна, туку евентуално условна, што за мене беше крајно наивно очекување, гледајќи ги резултатите од „реформираното судство“, подигнатите обвиненија и сите политички, правни и криминални околности, пишува Димовски.
Целиот текст прочитајте го на овој линк.