Саша Матиќ ја компонираше Осмомартовската песна на Здравко Чолиќ

by fokus

Фолк пејачот Саша Матиќ е композиторот кој бил задолжен за музиката на новата песна на Здравко Чолиќ, ,,Сто дуката”.

Истата, како еден вид на осмомартовски подарок од Чолиќ до своите верни обожавателки, тој денес ја објави на својата страница. Покрај Матиќ, кој ја напишал музиката, во создавањето на песната учествувале и Никша Братош – аранжман, и Милош Смилјаниќ – текст.

Ова не е прв пат Матиќ да се најде во улога на композитор. Тој стои зад песната ,,Море туге” која ја отпеа во дует со Северина.

В.К.

Поврзани новости