Популарниот српски фолк пејач Саша Матиќ ќе го одржи својот прв голем солистички концерт во Скопје, во Арена Борис Трајковски.
Настанот во организација на Балкан Медиа Продукција ќе биде предновогодишен, закажан за 21-ви декември. Влезниците веќе се пуштени во продажба, од 700 денари, па се до 10.000 денари за ВИП пакетите со 4 влезници и пијалок.
Како што појаснуваат организаторите, пејачот веќе две години го подготвувал новиот албум, кој ќе бил промовиран оваа есен.
Додаваат дека во Скопје ќе приреди музички спектакл, и ќе ја потсети публиката на своите големи хитови, но ќе ги отпеел и песните од новиот албум.
Периодов, покрај Матиќ, во земјава се закажани голем број на концерти на повеќе музичари од регионот.
Со солистички концерти наскоро доаѓаат Марија Шерифовиќ, Теа Таировиќ, Десингерица, Дивје Јагоде, Александра Пријовиќ, Парни Ваљак, Милица Павловиќ и други.
Исто така, во ек на одржувањето на општинските манифестации ширум земјава, на секоја од нив како главни музички ѕвезди настапуваат пејачи од регионот, додека нашите музичари се ангажирани како нивни предгрупи.
Вики Клинчарова