Одличен настап на нашите репрезентативци. Презадоволни сме од настапот како од машката така и од нашата женска репрезентација. После 6 кола се наоѓаме на 25 место, а бевме стартно рангирани како 65, изјави за „Рацин.мк“ претседателот на УО на Шаховската федерација на Северна Македонија – Саша Богдановиќ.
„Исто така еден убав куриозитет е дека во вој момент имаме втор резултат на Олимпијадата по освоени поени 18,5 и тоа после водечката Индија која има 12 меч бодови и 21 поен“, истакнува Богдановиќ.
Тој вели дека резултатот се должи хомогената уиграна млада екипа предводена од ВМ Евгениј Романов на првата табла кој претставува вистински лидер на нашата репрезентација.
„Имавме успешни подготовки на Попова Шапка пред Олимпијадата, па така сите шахисти играат во топ форма. Се надевам вака да се продолжи и да постигнеме висок пласман на оваа Олимпијада“, изјави Богдановиќ.