Екс претседателот на Франција, Никола Саркози изјави дека политичарите кои велат дека е невозможно да се разговара со рускиот претседател Владимир Путин, едноставно никогаш не разговарале и дека Путин бил испровоциран да ја нападне Украина.
„Кога мавтате со црвена крпа пред носот на бикот, немојте да се чудите ако нападне“, изјави тој во интервју за BFM-TV.
Рече дека во руската војна против Украина веќе загинале 500.000 луѓе.
Исто така истакна дека Русија и рускиот лидер се агресорите, а Украина е жртвата и дека светот треба да размисли како да ја заврши војната.
Според него, постојат две опции, од кои едната е уништување на Русија.
„Но, нема да ја уништиме втората по големина нуклеарна сила во светот, инаку светот ризикува да се лизне во тотална војна“, рече тој.