Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен во судскиот процес за нелегално финансирање кампања. Висината на казната сѐ уште не е соопштена.
Никола Саркози „како кандидат ја занемарил контролата на трошоците“, изјави судијката Каролин Вигие, објави Дојче Веле.
Поранешниот француски претседател не присуствуваше на прогласувањето на пресудата. Висината на казната сѐ уште не е позната.
Саркози беше обвинет за нелегално финансирање на пропаднатата кампања за изборите во 2012 година. Во Франција средствата за кампања се лимитирани со цел да се создаде еднаковст на шанси на кандидатите. Дозволената горна граница во тоа време изнесуваше 22,5 милиони евра. Тимот на Саркози потрошил 42,8 милиони евра. За да се прикрие вишокот потрошени пари, издатоците биле покривани со помош на систем на фиктивни сметки од неговата партија УМП, која во меѓувреме се вика Републиканци. Саркози не е обвинет дека го создал системот на фиктивни сметки, но тој игнорирал две предупредувања од страна на книговодителите, јавуваат француските медиуми.
Покрај Саркози, на обвинителна клупа во овој случај се уште 13 лица, кои се товарат за измама и пружање помош. Саркози ги отфрли обвинувањата. Тој во 2012 година загуби од социјалистот Франсоа Оланд.