Сарацин: Следниот месец ќе биде запишан во историјата како почеток на новиот лик на европската историја!

by Fokus

Денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин со кого разговаравме на тема Европска Унија.

Сарацин вели дека тој е за да се изгласаат уставните измени, а додаде и дека следниот месец ќе биде запишан во историјата како почеток на новиот лик на европската историја.

„Сакав да дојдам и пак да разговараме овде во Скопје. Бев овде пред летото и сум за да се изгласаат уставните измени. Мислам дека следниот месец ќе биде запишан во историјата како почеток на новиот лик на европската историја оти ќе почне нов тренд во проширувањето. Како што кажав и пред летото, не губете време“, вели Сарацин.

Тој додава дека знае дека во Северна Македонија ова звучи малку смешно, зашто веќе изгубено е премногу време.

„Не само поради вас самите туку и поради надворешни актери, дури и од Европската Унија. Не мислам само на Бугарија и Франција. Понекогаш и ние бевме дел од проблемот. Но ако тргнеме сѐ на страна, да не губиме уште повеќе време. Јас не можам да гласам за уставните измени. Не сум пратеник во парламентот. Џабе ќе биде и измачувањето. Мораме да го решиме ова“, вели Сарацин.

 

Поврзани новости