Сараево утринава беше втор најзагаден град во светот, покажуваат податоците на сајтот за мерење на квалитетот на воздухот „IQair“.
Сараево во 8 часот имал индекс на загаденост 223. Пред Сараево е само Лахоре, град во Пакистан со индекс на загаденост 228, пишува Срна.
Препораките на лекарите се болните од болести на дишните органи и срцето, како и постарите, трудниците и децата да го намалат продолжениот или поголем стрес за време на престојот надвор.
Сите останати треба да го ограничат продолжениот или поголемиот напор додека се надвор.
Министерството за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина вчера објави предупредување во Кантонот Сараево поради загадениот воздух со спроведување на интервентни мерки насочени кон заштита на здравјето на населението и намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот.