Сараево утрово четврти најзагаден град во светот

by Fokus

Според денешните податоците на интернет страницата IQ AirVisual, индексот на загаденоста на воздухот во Сараево е 198, што го рангира меѓу четирите најзагадени градови во светот.

Прв на листата на најзагадени градови е Делхи во Индија со индекс на квалитет на воздухот 317, потоа Лахоре во Пакистан каде индексот на загаденост е 287, а трета е Дака во Бангладеш со индекс 208.

Сараево е четврти град на листата, а индексот на загаденост изнесува 198 и е зголемен во однос на вчерашните податоци кога изнесуваше 158, објави Кликс.ба.

Според овие податоци, главниот град на Босна и Херцеговина е во „црвената зона“, што значи дека воздухот е оценет како нездрав (индекс на квалитет 151-200).

Поврзани новости