561
Петрит Сарачини, владиниот советник за проектот „Едно општество за сите“, во вчерашното гостување на ТВ24 не штедеше остри зборови кон портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и негов соговорник во емисијата, Димче Арсовски.
„Слушајќи го Арсовски добивам впечаток дека не доаѓа од партија која има воен злосторник осуден од Меѓународен суд. Како да не се од таа партија ведети луѓето кои бараа гасни комори за Албанците“, истакна Сарачини.