Сара Мејс ќе ја изведе химната на отворањето на нов фудбалски терен

by Fokus

Во сабота, на втори ноември со почеток во 12 часот ќе се одржи официјалното отворање на новиот фудбалски терен на ФК Аеродром.

Игралиштето е лоцирано во непосредна близина на училиштето „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. Покрај новиот фудбалски терен, на настанот ќе биде промовирано и новото лого на ФК Аеродром и ќе биде прикажана новата маскота на клубот, наречена Дромко.

На отворањето ќе присуствува министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, како музичка поддршка е ангажиран Диџеј Мац, а пак химната ќе ја изведе Сара Мејс.

-По две години посветена работа, овој современ терен е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот и спортската рекреација.

Слоганот на настанот, #СекогашСпремни, го одразува духот на ФК Аеродром – подготвени за нови предизвици, спортски победи и заеднички успеси. Двочасовниот настан ќе биде исполнет со забавни активности за сите возрасти, меѓу кои специјален натпревар со познати личности и возбудлив детски турнир, каде што младите фудбалери ќе имаат можност за првпат да играат на новиот терен.

Новото игралиште, покрај редовните активности, ќе биде достапно и за изнајмување и организирање натпревари, претставувајќи идеална локација за сите спортски ентузијасти.

Ве покануваме да ни се придружите на оваа прослава и да бидете дел од новата ера на фудбалска рекреација во Аеродром, известуваат од организацијата на настанот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости