Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски по втор пат станаа родители. По ќерката Илина, тие вчера го добиле и синот Кирил, а како што самите открија, породувањето започнало во ресторан, каде на Сара и пукнал водењакот за време на детски роденден.
Гордите родители објавија заедничка фотографија од приватната болница каде Сара се породила, и се заблагодарија на сите за поддршката и убавите желби.
-Нема поголемо и возвишено нешто во универзумот. Фала ви на сите за љубовта и поддршката, ви посакувам 100.000 убавини, среќа и благосостојба, како што добив јас вечерва. Извинете ресторан Хепи ако е лом столчето од водењаков, ќе купиме ново, напиша пејачката и харфистка. Сара и Димитар се во брак од пред пет години. Една година по традиционалната свадбена забава, во 2018, ја добија ќерката Илина. Тогаш радосниот татко за медиумите раскажа дека Сара била темпераментна трудница, па неколку денови пред да се породи играла оро на свадба, но и се качувала на планина.
Вики Клинчарова