Сара Џесика Паркер проговори за кавгата со Ким Катрал!

by Fokus

Иако Саманта и Кери беа неразделни во познатата серија „Сексот и градот“ и покажаа како функционираат вистинските женски пријателства, за жал, во реалниот живот ситуацијата е поинаква. Во последните години, често се зборуваше за кавгата помеѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал, но се чини дека славната Саманта својот дрзок и директен став го пренела и во реалниот живот или без потешкотии уживала во улогата во познатото остварување.

Во подкастот „Холивудски репортер“, Сара Џесика Паркер ја откри вистинската причина за наводната кавга помеѓу неа и нејзината поранешна пријателка Саманта од познатата серија „Сексот и градот“ и прокоментира зошто актерката не сакала да учествува во третиот дел на филмот.

– Се плашам да не кажам нешто непријатно, но тешко е да се зборува за ситуацијата со Ким. Снимањето на третиот филм пропадна поради нејзините барања во договорот. Таа имаше некои желби со кои не се согласувавме, па тогаш се откажавме од снимањето – изјави Паркер.

Таа истакна дека нејзината колешка им дала до знаење дека повеќе не се препознава во тој филм.

Значи, не се работи за никаква суета на Сара, како што многумина сметаа по изјавата на Ким Катрал во емисијата „Животната приказна на Пирс Морган“:

– Овде ја преземам работата на луѓето од „Сексот и градот“, но сметам дека Сара можеше да биде поубава. Не знам што е нејзиниот проблем – му кажа Катрал на Морган, а пренесе Гардијан.

Поврзани новости