491
Во сабота во 12 часот во книжарница на „Култура“, новинарката Санта Аргирова ќе ја промовира својата нова книга „Добро утро Јаков“. Се работи за веќе препознатлив жанр, политички трилер во кој се прикажува вечната борба на доброто и злото.
Во романот се раскажува за низа возбудливи настани над црвената линија на моќта и на очајот. Претставници на политичката моќ, и оние другите, контролирани, водени и заведувани од неа. Да се заземе филозофски став или да се искористи правото на активен пристап кон злото лоцирано во политиката. Дејството нè води кон сознанието дека херојството и хероите не одумреле и не умираат секогаш. Уште едно возбудливо четиво кое говори за духот на времето во кое живееме.