454
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, само на територијата на град Скопје, биле изречени вкупно 229 мерки, меѓу кои 44 за непочитување на брзина на движење, 17 санкции за возење без возачка дозвола и 12 за користење на мобилен телефон.
– Изречени се пет санкции за минување на црвено светло, шест мерки за возач почетник, седум санкции за некористење сигурносен појас и 53 санкции за непрописно паркирање, велат од МВР.
Оттаму потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираат од МВР.