424
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје, како што се посочува, изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Од МВР потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.